Хан и Могерини без одговор зошто нема ЕУ за Македонија

Читаност: 1109
Време:1 Минути, 45 Секунди

Јоханес Хан, поранешен еврокомесар за проширување, во Охрид истакна дека Северна Македонија служи како пример како се остваруваат целите. Според него, Договорот од Преспа е фантастичен пример како се решават спорови.

Тоа беше важен сигнал за Регионот дека правичен компромис е возможен. Во многу преговори водени во регионот сум искусил чувство на постоење дијаметрално спротивни црно-бели позиции, поделби на победници или губитници. Но, во реалниот живот и особено како суштинско нешто кај демократиите е дека може да се постигне правична зделка, пример што препознава само победници – рече Хан.

Хан изрази жалење што за миг е изгубен моментумот и динамиката на процесите што водат кон напредок на регионот.

-Можам да го разберам вашето разочарување, честопати сум имал слични чувства. Знам дека Европјаните не сме лесни за соработка, но ние не сме лесни за соработка и меѓусебно, така што верувам дека на крајот на краиштата ќе дојдеме до резултати. Не би сакал од вас повторно да барам да демонстрирате трпение, тоа сте го направиле толку многу пати. Но, треба да се остане истраен на она што сме го започнале, она што сме го започнале ќе го испорачаме – рече Хан.

Поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, посочи дека Договорот од Преспа, во чие постигнување таа беше активно вклучена, претставува инспирација за надминување на остананатите нерешени спорови во регионот.

Договорот покажа дека ниту еден проблем не е нерешлив, за секое прашање, спор има решение, за тоа се бара лидерство, храброст, решителност и почит, што е потребно во голема мера во овие времиња и да се гледа напред и да се вложува повеќе за начинот, на кој можете да обезбедите одржлив пат за вашиот народ. Договорите се секогаш тешки, но можни, а Преспа е одличен пример од регионот дека Балканот може да испорачаат резултати и со поддршка на ЕУ и меѓународната заедница можат да се случат невозможни нешта – рече Могерини.

Двајцата високи претставници на ЕУ и дирекни учесници во Преспанскиот договор, немаат одговор зошто Македонија не е ниту пред портите на ЕУ, и покрај промена на името на земјата. Дали премиерот Заев ја носи вината за тоа?

Social profiles