Проф.Богојески: ТОЛКУ ГО САКАМ ДЕДО ПЕТАР што душа ме боли кога го гледам како коленичи!

Обраќањето на митрополитот Петар на погребот на Иринеј Буловиќ предизвика силни реакции, особено поради зборовите за благодарност кон строгоста на СПЦ кон МПЦ-ОА и споменувањето на македонското покајание. Проф. Петар Богојески реагира со отворено разочарување, бранејќи го достоинството на Македонската православна црква и нејзиното право на автокефалност. Неговата порака е јасна и недвосмислена: „Пред Бога коленичиме, пред никого друг!“

Ви го пренесуваме текстот во целост: https://www.facebook.com/share/p/1EDTGnFJwp/

ТОЛКУ ГО САКАМ ДЕДО ПЕТАР што душа ме боли кога го гледам како коленичи
МАКЕДОНСКАТА ЦРКВА НЕМА ЗА ШТО ДА СЕ КАЕ!
По повод обраќањето на нашиот митрополит Петар на погребот на Иринеј Буловиќ во Нови Сад, во кое изрази благодарност за строгоста кон МПЦ-ОА и зборуваше за нашето покајание, реагирам со длабоко разочарување.
ТОЛКУ ГО САКАМ ДЕДО ПЕТАР што душа ме боли кога го гледам како коленичи пред сатрапите на македонската чест и достоинство на МПЦ-ОА!
Дедо, ти простувам зашто си во години, а оставам на Бога да ти суди за престапите кон нас, чедата на МПЦ-ОА и етничките Македонци, кои постојано не понижувате при вашите коленички средби со СПЦ.
Ние не сме ниту неразумни, ниту расколници! Иринеј не беше во право што со децении ја оспоруваше нашата црковна самостојност. Наместо тој да се покае за неправдата кон македонскиот православен народ, вие зборувате за наше покајание?!
За што да се каеме, дедо Петар? За тоа што сме Македонци? За тоа што сме ја возобновиле нашата Охридска Архиепископија? За тоа што сме прогласиле автокефалност во 1967 година?
Македонската автокефалност не е милостина од Белград, туку наше историско и црковно право!
Пред Бога коленичиме, пред никого друг!

Loading