Митко Јанчев независен кандидат?

Читаност: 1054
Време:54 Секунди

Кавадаречкиот градоначалник Јанчев и е познат на јавноста по неговиот судир со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, особено за време на последниот референдум. По тоа, Јанчев ја напушта позицијата потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, но остана да биде градоначалник на Кавадарци.

На прашањето дали ќе се кандидира за втор мандат и што доколку не биде кандидат на ВМРО ДПМНЕ, тој минатата недела изјави:

„Доколку не ја добијам поддршката од ВМРО ДПМНЕ, ќе се кандидирам како независен!“

Тој одговор ја изненади неговата партија ВМРО ДПМНЕ, особено лидерот Мицкоски. Според анкетата на МЦМС, Јанчев, Арбен Таравари од Гостивар и Максим Димитриевски од Куманово се најдобри градоначалници.

Околу тоа дали кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев ќе биде кандидиран од страна на партијата, со оглед на постигнатите успеси и популарноста, Мицкоски нема конкретен одговор.

Дали смета дека некој друг кандидат би ги постигнал или евентуално надминал успесите на Јанчев, Мицкоски не ни одговори. Сепак, на нашата констатација дека Јанчев му е тешка тема за муабет, тој е категоричен.

Немам јас тешки теми. Има критериуми и кој е најдобар според тие критериуми, тогаш тоа е тоа! – вели Мицкоски.

Social profiles