ОЧАЈ: Заев ја внесе Македонија во западен Балкан

Читаност: 0
Време:55 Секунди

Македонија падна во очај. Заев не внесе таму каде што одамна бевме со Грујо, а тој тврдеше дека не смее да бидеме! Конечно откриена е алтернативата за ЕУ, а тоа е Западен Балкан. Што значи сега сме поизолирани од кога бевме изолирани.

Замислете, премиерот Зоран Заев имал он-лајн состанок со претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама. Успеал дури со нив да се договори за алтернативата за ЕУ. На тој битен настан се договориле за подготовките за Економскиот форум за регионална соработка во Скопје на 29 јули. Сега ЕУ може само да гледа преку стакло, како Зоки, Вучича и Рама лижат сладолед.

„Утрово имав продуктивен состанок посветен на подготовките за Економскиот форум за регионална соработка, кој заедно со претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама, го организираме во Скопје на 29 јули.Се поврзуваме уште повеќе за да го олесниме и подобриме животот на сите наши граѓани. Ова е нов Балкан, европски.“, напиша Заев на „Фејсбук“.

Сега откако веќе сме влезени во западен Балкан, можеме да се раатисаме и да одмориме малку од толку многу работа.

Menu
Social profiles