САД: Извештај доволен за полнење на црната листа

Нов извештај на САД за Македонија

Американскиот Стејт Депармент го објави новиот „2021 Investment Climate Statements: North Macedonia“, во кој детално се анализираат многу состојби во земјава. Помеѓу другото и криминалот и корупцијата, демократските капацитети на општеството, слободата во земјава и сл.

Целосно извештајот на линк:

https://www.state.gov/reports/2021-investment-climate-statements/north-macedonia/

Ако подобро се анализира овој материјал од САД, јасно е дека ова е порака за премиерот Заев и целата негова Влада дека тонат во криминал и корупција, злоупотребуваат овластувања, малтретираат граѓани поради нивните различни политички убедувања од тие на власта, буквално потврда дека Македонија е хибриден режим.

Шаматите или катил ферманот на американскиот претседател Бајден за премиерот Заев пристигна. Дали ова ќе се надгради со полнење на црното тефтерче, црната листа на САД со министри или со самиот Заев, останува да видиме.

Во извештајот има веродостојни обвинувања за корупција. САД констатираат слаба и селективна битка против корупцијата, која е насочена кон владините критичари и прекршителите на ниско ниво. Со други зборови, САД забележале дека виновен е курирот во Судот, а не судиите, дека виновна е чистачката во Влада, а не министрите и т.н.

Загрижува ставот на Американците дека забележливо е недостаток на напори за борба против корупцијата и судир на интереси во јавната администрација. Тоа значи дека злоставувањата на државните ресурси, служби и овластувања од времето на груевизмот се пренесоа и сега се користат од заевизмот. Тогаш дали воопшто напредува Македонија во својот демократски развој.

Според дел од забелешките во извештајот на САД за начинот на кој Владата на СДСМ е третирана во однос на корупцијата, исполнети се сите услови премиерот Заев да се стави на црната листа на САД. Тоа ќе биде огромен скандал за цела Македонија и удар врз нашите стратешки односи.

Дали Заев ја прелил чашата до тој степен, да тој и неговите пулени се најдат во црниот тефтер на САД.

Тоа нема да биде прв пат, и друг македонски премиер се нашол на тој список. Тоа е поранешниот премиер Георгиевски, кој сега е коалиционен партнер на Заев. Дали Заев се советува со Љубчо како да заврши како него на црн список на САД?

Сериозните критики и забелешки се содржат во повеќе делови од извештајот, кој беше објавен во работна верзија пред неколку месеци и повлечен за доработка и објава на негова финална верзија. Тој повторно во официјална верзија веќе е достапен за јавноста, на линкот кој погоре ви го доставивме.

Можеби најскандалозно е што во делот на демократскиот развој и слободи, покрај корупцијата, се открива дека Владата во битката против корупцијата селективно прогонувала само критичари на СДСМ. Дали со тоа е веќе констатирано дека Заев го презема занатот од Груевски и започна политички прогон низ Македонија?

Тоа за САД е неприфатливо поведение и нема да му помине.

“Има веродостојни обвинувања за корупција во спроведувањето на законот, судството и многу други сектори”, се вели во делот посветен на корупција од извештајот.

САД констатираат дека “Македонија има закони наменети за спротивставување на митото, злоупотребата на службената положба и судирот на интереси, а владините службеници и нивните блиски роднини се законски обврзани да ги објават своите приходи и средства.

Сепак, спроведувањето на законите за борба против корупцијата на моменти беше слабо, но и селективно насочено кон владините критичари и прекршителите на ниско ниво.“

Ова значи дека Заев станал бетер од Груевски. Па вакви црни извештаи за Груевски немаше се до 2014 година.

Единствено САД ја ценат работата на Државната комисија за спречување на корупцијата ДККС, која беше под жестики притисоци од власта на Заев.

Има веродостојни обвинувања за корупција во спроведувањето на законот, судството и многу други сектори. Тековната Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК), именувана во февруари 2019 година, ја продолжи својата работа по усвојувањето на новото законодавство за борба против корупцијата во јануари 2019 година и оттогаш е особено проактивна.

ДКСК отвори голем број истраги поврзани со корупција, насочени кон високи функционери од целиот политички спектар за наводен непотизам и судир на интереси.

Откако Главниот специјален обвинител беше обвинет за обвиненија за рекет во ноември 2019 година и истече мандатот на Специјалното обвинителство (СЈО), сите случаи на СЈО (кои произлегоа од масовниот скандал со прислушувањето, откри обемна злоупотреба на службената положба од поранешни јавни службеници и корупција јавни тендери) биле пренесени во Обвинителството за организиран криминал и корупција на Јавното обвинителство, се наведува во извештајот на САД.

Познато е дека Транспаренси Интернешнл ја рангираше Македонија на 111 место од вкупно 180 земји во Индексот за перцепција на корупцијата во 2020 година, што е пад од 5 места, поради недостаток на владини напори за борба против корупцијата и судирот на интереси во јавната администрација.

Во извештајот помеѓу друго се напоменува за работата на етичкиот кодекс на министрите и функционерите, за работата на Царината, за јавните набавки и нивната злоупотреба, поткупот на јавните службеници од страна на приватните компании, НВО кои се на удар поради работата за борба со корупција и сл.