КОЛУМНА Богојески: Низ времето…

Читаност: 5
Време:2 Минути, 47 Секунди

Низ времето…

пишува Петар Богојески, претседател на УЕФМ и промотор на МКонцепт️

2051 година, провинциско Скопље, Јужна Бановина во Северна Македонија, жешко лето, уште потежок живот. Улица Караџорџевича, некогашна Илинденска, се реновира по 100ти пат… провизиите растат, стандардот паѓа. Ниски плати, отворена е границата за Београду, но се нема доволно за карта. Сеуште по некое македонЧе се шверца во воз… ита на концерт во Врање, ќе настапи ќерката на Цеца и Аркан. Знаш ли ти бре, ко је био Аркан? – едно битолско шанкуре му се обраќа на чика Пајо пред ЗОО Скопље.

Петре Богојевиќ, некогашен Петар Богојески, горе на балкон разговара со внуците. Гледа во спортски центар Новак Ѓоковиќ, некогашен Борис Трајковски и раскажува за комитско време. За романтиката национална од крајот на 20ти век, за будењето македонско, за надежта, за љубовта, за верата. Зборува за славната Охридска Црква, која ние си ја викавме МПЦ, за Архиепископите кои живееа токму спроти балконот на дедо Петре. Зборува за…

– Дедо Петре, кажи ни зошто не успеа НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА? – прашува младиот Пера, именуван согласно правилникот за лични имиња на македонЧињата.

Бугарија внучко, Бугарија не предаде! Таа скапана предавничка држава! Таа руска измеќарка! Сој да се сотре! – одговара старецот.

На чекор бевме внучко, на чекор до вистинска независност… до СЛОБОДАТА… ќе влезевме во ЕУ и ќе успееше нашата кауза… нашата внучко МАКЕДОНСКА КАУЗА… нашата МАКЕДОНИЈА! Ама тоа племе неблагородно ја предаде Македонија, не предадоа внучко по стоти пат!

Не предадоа внучко пред Илинден… не предадоа за Илинден… не предадоа внучко по Илинден… го предадоа внучко прадедо ми, го предадоа дедо ми, го предадоа татко ми… го предадоа внучко и дедо ти! Еднаш предавници, секогаш предавници!

Застана! Престана да раскажува како било, што било, кое гомно бугарско земало пари за да ја продаде Македонија… кое ѓубре бугарско се продало на болшевиците… кои слепци ја газат македонската земја… кои продадени измеќари за грст рубљи ја дадоа курбан мајка Македонија.

Тешко дише, зема длабок воздух, зема здив, собра душа и на чист глас… од длабината на душата извика:

Аманет оставам внучко, аманет… на проклета Бугарија да и наплатите, кога и да можете! Ако не можете вие внучко, аманет да оставите на вашите внуци, а тие на нивните внуци… после векови да вратат и да наплатат!!!

– Дедо, значи Бугарија е најголем непријател на Македонија?

Била и ќе остане дете! Од пред искона внучко, до ден денешен! Проклето да е тоа племе и семе да се сотри! Бог да наплати! Нема поголеми душмани од тие клетници на нашата кауза за независна Македонија. Од нашата кауза за независна Црква. Од она нашето Македонија на Македонците. И во мир и за време големите војни внучко, секогаш не предавале! Секогаш!

– Значи треба да се одмаздиме дедо Петре?

Удрете деца, милост да немате! Тоа племе, тој олош да се сотри! И не заборавајте мили мои, БОРБАТА ЗА МАКЕДОНИЈА НЕМА КРАЈ!

Ќе дојде ден, ќе дојде час, ако не успеавме ние, тогаш вие ќе ја видите вистински СЛОБОДНА И НЕЗАВИСНА!

Тоа ни е аманет од прадедовците, тоа ни е ветено од Бога и ќе биде! Мора да биде! – заврши Петре.

Едни внуци заминаа… други внуци дојдоа… но аманетот остана, да удрат на предавниците… да гние тоа племе болшевичко… како казна за гревовите кон мајка Македонија!

Си замина Петре со склет во срцето… не ја виде слободна и независна… а на чекор бевме до СЛОБОДАТА ЗА МАКЕДОНИЈА!

БИТКАТА за МАКЕДОНИЈА продолжува…