Уште една црна статистика за Македонија: Енергетски најзависна, увезува скоро третина од вкупната потрошувачка на струја

Македонија увезува дури една третина од струјата и е најзависна земја од увоз во регионот.

 

Над 90 отсто од струјата во Косово е од јаглен, а целата струја во Албанија е од обновливи извори. Црна Гора произведува најмногу струја од ветер. Босна и Херцеговина е единствена која има и за извоз, се вели во анализата на Радио Слободна Европа.

Ситуацијата со производството на струја во Македонија е црна, и буквално и фигуративно.

Од една страна не се произведува доволно, па земјава купува од странство по многу високи цени, а од друга страна, најголем дел од струјата што се произведува е од јаглен, кој ја загадува животната средина.

Македонија увезува дури една третина од струјата што ја троши.

Со производство на струја не може да се пофали ниту Косово. И кај нив не се произведува доволно, а и таа што ја произведуваат е од јаглен, во термоцентрали кои се големи загадувачи.

Србија, Албанија и Црна Гора се скоро на нула. Произведуваат колку што трошат.