ЖАЛНА БУГАРИЈА: ЛОРЕР не влезе, сите криминалци влегоа во Парламент

После завршување на изборите во Бугарија, стана повеќе од јасно за каква популација станува збор и зошто ЕУ е на раб на пропаст поради такви земји членки.

Најинтересни се изборните резултати од помалите градови од Бугарија, каде скоро без исклучок беа избрани локални криминалци и транзициски профитери за пратеници во новото собрание.

Така турската партија ДПС, обвинувана за тешка корупција, нешто слично како ДУИ во Македонија, ќе има куп пратеници не само од „турските региони“, туку и во самиот софиски регион.

Во традиционално работничкиот град Перник, БСП немаат ниту еден мандат, а се декларирани како наследници на поранешната Комунистичка партија на Бугарија.

Но вистинската трагедија е што најписмениот и највоспитан кандидат Даниел Лорер, министер за иновации и раст во кабинетот „Петков“ не успеа да стане пратеник од Тарговиште, каде ПП не успеа да добие ниту еден мандат.

Дури ГЕРБ успеа да добие еден пратеник, Теменужка Петкова, која беше министерка за енергетика во последните два кабинети на Бојко Борисов и осомничена за тежок криминал и корупција во енергетскиот сектор во земјата.

Изборните резултати покажаа се што треба да знаеме за оваа земја.