ФЕЉТОН: Албански етнички шовинизам, лажни основи – Дел први

Читаност: 0
Време:6 Минути, 18 Секунди

Албански етнички шовинизам, лажни основи – Дел први

Овој фељтон е статија со популарено – научен и општествено – политички карактер, напишана живо и реалистично од Петар Богојески, национален лидер на политичка партија Македонски Концепт️.

Албанскиот етнички шовинизам, насочен кон сите соседи, но пред се кон етничките Македонци во денешна современа Република Македонија, се темели на две основи. Прва е приказната за некакво си билошко потекло на она што денес се Албанците од она што во антиката се спознавало како Илири и дека денешните западни краеви на Македонија (охридско – струшко, кичевско, полошко, скопско) биле дел од т.н. илирски свет.

Науката точно ги утврдила границите каде живееле илирските племиња, а тоа се најисточно до денешниот град Кукс во Албанија, додека пак Шар Планина била природната граница помеѓу Македонија, Илирија и Мизија. Македонија на југо – исток, Илирија на северо – запад, а Мизија на северо – исток од таа планина.

Албанските шовинисти, служејќи се со еклатантна лажна претстава и историја, наметнуваа мислење кај етничките Албанци дека тие се свои на своето на територијата во Македонија, а дека истата им е окупирана од некои славо Македонци, за што имаат обврска да ја ослободат и повторно да станела албанска / илирска.

Тоа е краен шовинизам, кој со повикот за ослободување на „илирските територии“ преминува во повик за физичка ликвидација врз неалбанците, што е веќе фашизам сам по себе, а не е прв пат Албанците да практикуваат такво поведение низ историјата.

Треба да се знае дека не постои поделба на народите на словенски и антички. Туку за народи на Балкан, кој веќе романизирани, за време на среден век биле под дополнителна силна асимилација од десетици племиња, кои се населуваат на овие територии, како Кумани, Викинзи, Печенези, Словени, Хуни, Бугари, Черкези и др. Ако зборуваме за словенизација на Балкан, токму денешна Албанија била најсловенизирана, што се гледа од топонимите, пред нивна замена во 20ти век.

На овој краен етнички шовинизам и фашизам, ние етничките Македонци нема да одговориме со иста мерка, туку со историски аргументи и факти, во целост ќе ги побиеме албанските шовинистички пропаганди и ќе создадеме услови за развој на нормално граѓанско и демократско општество во Македонија, како земја на еднакви можности.

Големоалбанската идеја или илирската теорија на целосно погрешен и ненаучен начин, дел од античките племиња кои тогаш населувале дел од Македонија, ги претставува како илирски, а себе си се претставува како генетски – билошки наследник на античките народи.

Прво, науката такво нешто не признава, денес не постојат никакви народи или нации кои се билошки и генетски чисти наследници на античките народи и племиња, а таквите тврдења ги карактеризира како фашизам и во целост ги осудува. Без разлика дали станува збор за Албанци и Илири, за Македонци и антички Македонци, за Грци и Елини и сл., сите тие биолошки теории за античко потекло и континуитет на нациите се отфрлени.

Треба да се знае дека денешните народи може да се иднетификуваат со некои култури, митови, легенди, настани или ликови од минатото, но никако не може да се прогласат за нивни биолошки наследници.

Второ, ова покажува дека албанскиот етнички шовинизам преминува во отворен фашизам, што е казниво по закон во цела ЕУ, а со интеграцијата на Македонија во ЕУ, ќе стане казниво и кај нас. За жал во моментов не е, но ќе се погрижеме да стане официјална законска регулатива во европска Македонија.

Трето, тој шовинизам ги труе младите генерации Албанци со бес и омраза кон сите неалбанци, со што ги прави легитимна цел на нашата реакција. Со тоа самиот албански шовинизам ги фрла во оган младите албански генерации и ги прави некомпатибилни со цивилизациските вредности од 21ви век и тие кон кои се стремиме, а тоа се западно – европските принципи и вредности.

Лично се надевам дека нормалните, цивилизирани и образовани Албанци ќе го отфрлат ова шовинистичко поведение, и ќе застанат во редот на нас, борците за прогресивен, слободен и продуктивен живот од новиот милениум. Ги повикувам на истото.

Имено,

границата помеѓу античките илирски и македонски територии, албанската шовинистичка пропаганда ја поместува длабоко во македонската територија, со јасни експанзионистички цели. Особено се труди териториите на Дасаретија да ги претстави како илирски, а дасаретските племиња (Penestae, Dasaretae, Engeleanes) за етнички Илири. Особено се труди да ја докаже местоположбата на градот Uscana во Горна Дасаретида, најголем град на таа македонска област, за централна положба на источните илирски области во провинција Илирик.

Притоа треба да се напомене дека главен град на Dasaretija бил Lihnid(os), денешен Охрид.

Што говори историската наука за тоа?

Прв извор во историјата на оваа тема е Тит Ливиј (T. Liv. XLIII, 18, 5 (Uscana,) ; 19, 1-6 (Uscana, Oeneum, Draudacus), кој пишува за Пенестите, за нивните три градови и уште 11 безимени утврдувања во македонската провинција (Penestianae terrae), а во врска со борбите на македонскиот крал Персеј против Римјаните во 169-та год п.н.е. Пред оваа војна, на Римјаните (T. Liv., XLIII, 18;19, 3) им бил познат само градот Uscana, и тоа во врска со походот од македонскиот крал Филип V и опсадата на градот Lissos во 213 год. п.н.е. (Pol., VIII, fr. 14).

Сите антички извори од тој периот, буквално сите до еден зачувани извори, кажуваат дека античкото македонско племе Пенести ги населувале областа Полог и Кичевскиот крај. Во литературата се расправа како за провинцијата на која и припаѓала областа Penestia, така и за местоположбата на нивните градови. Албанските шовинисти се обидуваат да прикажат илирска етничката и провинциската припадност на земјата на Пенестите, што е целосно надвор од здравата научна логика и методологија.

Областа Penestia според античките современици кои живее во тоа време и ја посетиле областа, таа и припаѓала на Македoнија, а според некои српски историчари, кои се повикуваат на наследството на античка Мизија, оваа област и припаѓала на Дарданија т.е на провинцијата Мезија (N. Vulić, Severna granica antičke Makedonije, Strena Buliciana, Zagreb 1925, 242 – 243;  Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957, стр. 81; F. Papazoglu, Srednjebalkanska pelemena u predrimsko doba, Sarajevo, 1987, str. 172, 205;)

Притоа, за науката е јасно дека Дарданија е дел од Мизија и тие се мизиски, а не илирски премиња и територии. Тоа не било случај само за време на македонската, туку и за време на римската власт во овој дел од Балканот. (A. Mόcsy, Gesselschaft und Romanisation in der römischen Provinz Moesia Superior, Budapest, 1970, p. 29 sq.)

Меѓутоа, по откривањето на одреден број надгробни споменици во Полог и Кичевијата се покажа дека Penestianae terrae била дел од јужната културна сфера, односно дел од Дасаретија и онаа територија која ја населувало најзападното македонско племе Engeleanes. (Н. Проева, Нови и ревидирани натписи од Полог и Кичевско, Жива Антика, XXХIX /1 – 2, Скопје, 1989, стр.  77 – 84.)

Типот на откриените споменици, како и ономастичките податоци јасно покажуваат дека областа била во рамките на провинцијата Македонија, со што во целост се побива српската теорија, која вешто е користена албанската шовинистичка пропаганда. (И. Микулчић, Теритoрiја Скупа, Жива Антика, ХХI/2, Скопје, 1971, стр. 467/8; F. Papazoglou, The central Balkan Tribes in Рre – Roman Time, Amsterdam, 1975, ad. no 16, B. Dragojević – Josifovska, Inscriptions  de la Mésie Superieure, vоl. VI, Scupi et la région de Kumanovо, Beograd, 1982, p. 29.)

Ова може да се поткрепи и со пишаните извори од тој период. Според географот Птолемај (Ptоl., II. 16 и III, 9,1.) овој дел и припаѓал на провинцијата Македонија, а римјанинот Тит Ливиј (T. Liv., XLIII, 10,1.) пак пишува дека Uscana била во границите на државата на македонскиот крал Персеј, и кога Римјаните го нападнале градот имало македонска посада од таков вид на стрелци – наемници Критјани, а нив ги имало само во војската на Антигонидите – античката македонска династија, а не во илирската војска.

Продолжува…

Menu
Social profiles