Политичката партија Македонски концепт информира дека активно учествуваше на Големиот Народен Митинг одржан на ден 04.04.2024 година пред Влада на Република Македонија во Скопје, организиран од Коалицијата „Твоја Македонија” предводена од Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ со цел да и даде подршка на професорката Гордана Силјановска Давкова за иден претседател на Република Македонија.
ЦЕЛТА Е ПОСТИГНАТА… собирот на огромен број граѓани, прво создаде синергија и чувство на заедништво помеѓу сите нас, без разлика од која општина доаѓаме, на која партија и припаѓаме, со која етничка или верска заедница се идентификуваме! Се формира „обединет народ”, одлучен да победи!
НАРОДОТ го одреди победникот на овие двојни избори, претседателски и парламентарни… тоа е кандидатката Гордана Силјановска Давкова и Коалицијата „Твоја Македонија”, предводена од ВМРО-ДПМНЕ која што партија покажа дека е најголема и најорганиизирана политичка сила во земјава. Покажавме дека сме реално додадена вредност во Обединетата опозиција, а не „фатаморгана”! СИТЕ ЗАЕДНО, обединети ќе ја направиме Македонија повторно горда!“, порача Македонски концепт.