СДС пироманска да не наоѓа изговори и да прифати одговорност за пожарот на Универзална сала, порача денеска ВМРО-ДПМНЕ.
„Не очекувавме од СДС дека веднаш ќе прифатат вина, сепак тоа е партијата чија влада кажа дека кабелот е крив за пожарот на модуларната болница во Тетово, каде живи луѓе изгореа и нема одговорност.
СДС лажеа дека ќе ја реновираат Универзална сала, 7 години ги лажат Скопјани.
Симболот на постземјотресно Скопје е оштетен и главна вина за тоа носи Ковачевски и Бисера Стојчевска.
Салата стои оградена како руина, нема одговори какви материјали се вградени, кој е изведувач, кој е надзор.
Што крие власта и дали всушност крие фирма блиска до врвот на СДС?
Одговорност мора да има. Промените доаѓаат. Македонија повторно ќе биде горда“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.