ТУКА НЕМА МЕСТО ЗА ШОВИНИСТИ Македонски концепт и без табла му одржа лекција на Бујар Османи што е ГРАЃАНСКИ УСТАВ

Македонски Концепт – Единствениот начин за влез во Европската Унија е преку Граѓанскиот Устав, најголема потврда за тоа е Бујар Османи, порачува Македонски концепт.

Политичката партија Македонски Концепт во врска со министерот во заминување Бујар Османи, а поврзана со Граѓанскиот Устав, му благодари за неговата изјава во која вели дека ”Граѓанскиот Устав” – промовиран од Македонски Концепт бил најштетно решение за Република Македонија, токму неговата изјава целосно го потврдува спротивното.

„Европскиот” кандидат за претседател знае дека Граѓанскиот Устав не брише никого! „Европскиот” претседател знае дека Граѓанскиот Устав ги ослободува поединците од поделбата на етнички трла и токму поради тоа Бујар Османи е против негово воведување, единствено во Граѓанска Држава нема место за шовинисти и стопани на етнички трла; Граѓанскиот Устав дава слобода на поединецот да го промовира својот личен капацитет и знаење и да ја промовира својата етничка припадност без таа да биде наметната од етнички партии, институции или групи кои му налагаат како треба да се однесува за да биде добар Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Бошњак, Влав или било што друго.

Граѓанската држава е дел од процесот на европеизација на Државата и е концепт што значи чекор подалеку од етнички трла и шовинизми и значи чекор поблиску кон Европските вредности и заложби!

Ако Бујар Османи навистина беше “Европски” кандидат за претседател, како што се промовира самиот себе, чудно е што се противи баш на една од основните европски придобивки на кои е заснована Европската Унија.