Нема ниту виновен за пожарот во Универзална сала, ниту извинување од Ковачевски и Стојчевска

Очекувано од СДС и за пожарот во Универзална сала нема виновен, нема ниту извинување од Ковачевски и Стојчевска, реагира преку соопштение ВМРО-ДПМНЕ.

„Како и за се досега, власта не е виновна за ништо, но симболот на Скопје изгоре, а изгоре затоа што СДС 7 години ја претворија во руина, градежен објект кој никако да се заврши.

СДС ако не беше криминална ќе ја реконструираше Универзална сала до сега.

Наместо да има реконструирана Универзална сала, СДС потонаа во тендери, а тендерите како и секогаш ги добиваат нивни блиски.

Наместо реконструирана Универзална сала, имаме тендери и изведувачи блиски до СДС, затоа и нема одговорност. Но Ковачевски и Стојчевска да не се надеваат дека одговорноста за Универзална поминала покрај нив. Одговорност ќе има, веднаш по преземањето на власта, ќе биде ревидиран целиот случај. Време е државата да ја вратиме на народот. Македонија повторно горда“, порача ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: Макфакс