Фридом Хаус оцени дека назадуваме во владеењето на правото, а имаме и долготрајна корупција на високо ниво

Македонија назадува во владеењето на правото и борбата со корупцијата според најновиот извештај на Фридом Хаус насловен Државите во транзиција.

Македонија е сместена во групата Циклични хибриди.

Извештајот предупредува на долготрајната корупција на високо ниво во Северна Македонија, а го забележува и судирот на партиите околу уставните амандмани потребни поради бугарското вето за пристапување на земјата во Европската Унија.

Уште полошо, контроверзните измени во Кривичниот законик од 2023 година ги намалија казните и предизвикаа отфрлање на значајни случаи, додека јавноста беше вознемирена со фатални корупциски скандали во здравството“, се вели во документот.

„За разлика од Украина или Молдавија, Северна Македонија не презеде значајни чекори за елиминирање на корумпираните мрежи на дејствување, а моќта продолжи да осцилира меѓу коалициите на неколку партии“, се вели во извештајот.

Назадувањето е видливо и во регионот, каде пад на оценката бележат Црна Гора и Босна и Херцеговина, а најголем пад бележи Србија. Од земјите во регионот непроменета е оценката во однос на претходната година за Хрватска, Косово и Албанија.