Едногласно со пет гласа, денеска Државната комисија за спречување на корупцијата, донесе одлука да се усвои приговорот од кандидатката за претседател на Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова.
Приговорот се однесуваше за кршење на изборните правила.
Сомневањата за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик, се основани, приговорот поднесен од претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова се усвојува.
Комисијата, согласно надлежностите, ќе преземе мерки и ќе иницира постапка за утврдување одговорност пред надлежните органи.