Професорката Силјановска Давкова го подучи Османи – „61 пратеник не ги исклучува заедниците, туку криминалците од ДУИ“!

Кандидатката за претседателка на Македонија професорката д-р Гордана Силјановска-Давкова одговори на прозивката на противкандидатот Бујар Османи преку социјалната мрежа Твитер.

„Господине Бујар Османи, 61 пратеник не ги исклучува заедниците, бидејќи сите системски закони се носат по Бадентер, туку ги исклучува криминалците од ДУИ кои се спремни да продадат се, за да си ја зачуваат фотелјата и да продолжат да уценуваат, мислејќи дека така ќе се спасат од одговорност за криминалот и штетата што и ја нанесоа на државата.

#МакедонијаПовторноГорда“, пишува професорката Силјановска Давкова.

Османи претходно при неговата посета во Охрид изјави дека „сега е моментот да им кажеме не на оние кои сакаат да го нарушат меѓуетничкиот соживот и да го запрат евроинтеграцискиот пат. Целта на Европскиот фронт, според Османи, е еднаквост и правда за сите.

– Затоа ги обединивме сите заедници – изјави Османи, додавајќи дека единствената опозиција на Европскиот фронт е шовинизмот, кој бара 61 пратеник.