Управниот суд вечерва во 22 часот ќе ја соопшти одлуката во врска со претставката пред Државната комисија за спречување на корупцијата, поднесена од кандидатката за претседателка Гордана Силјановска Давкова.
Пред неколку дена, ДКСК едногласно го поддржа нејзиниот приговор, но АСЈО поднесе жалба до Управниот суд, кој најкасно до недела мора да се произнесе за предметот.