ПРОМЕНА НА СТАВОВИ: „Дали целта на ЛЕВИЦА И ВАНКОВСКА е да го делегитимираат само ВМРО-ДПМНЕ и да одработат за СДСМ“?

Кандидатот за претседател од Левица до пред само некој период беше една од најголемите поддржувачи на Гордана Силјановска Давкова. Да се потсетиме што зборуваше Ванковска за нејзината противкандидатка пред само неколку години. Димитар Апасиев, член на Президиумот на Левица, на претходните претседателски избори, пред вториот круг рече дека со професорката биле на иста политичка линија од времето на професорски пленум и кампањата за анти-преспански договор каде што и двајцата правно дебатирале.

Политичката партија Левица и нивниот претседателски кандидат Билјана Ванковска се однесуваат како најголем непријател да им е ВМРО-ДПМНЕ. деновиве бевме сведоци на навреди упатени на контото на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова.

Имено, кандидатката на Левица, Билјана Ванковска неодамна обвинуваше дека 25.000 потписи од граѓаните за Силајновска Давкова завршиле на буниште. Таа вели дека Гордана Силјановска Давкова е кандидирана само со потписи на пратениците, а смета дека ВМРО-ДПМНЕ се однесува неодговорно.

Нејасно е зошто Билјана Ванковска револтот го истура само врз Силјановска Давкова кога логично е опозицијата да се бори против претседателот на власта, Стево Пендаровски. Освен тоа, нејасно е и зошто Билјана Ванковска измислува бројка од 25.000 гласови кога Гордана Силјановска Давкова собра над 28.000 потписи. Оттука се наметнува прашањето „Дали целта на Левица е да го делегитимира само ВМРО-ДПМНЕ и да одработи за СДСМ“?

Доколку се потсетите како се однесуваше професорката Билјана Ванковска во 2019 година јасно може да заклучите дека дава безрезервна поддршка за Гордана Силјановска Давкова.

Во своите објави на Фејсбук таа Силјановска Давкова ја опишува како „премногу добра за оваа колонија“, а не штедејќи ги комплиментите вели дека е „10.000 километри над нивото на нашата политика“ и дека „предобра е, не ја заслужуваме“.

Во продолжение може да го погледнете целиот Фејсбук статус којшто е објавен откако е соопштен резултатот дека победник на претседателските избори е Стево Пендаровски.

Многу е нелогично што само пет години подоцна Ванковска упатува жестоки критики кон Силјановска Давкова ако се земе предвид дека во 2019-та нејзините комплименти немаа крај. Сега настапува премногу остро кон „предобрата и пристојната“ кандидатка од ВМРО-ДПМНЕ.

Гордана Силјановска Давкова и тогаш и сега е со конзистентни ставови. Но што се промени кај Ванковска и Димитар Апасиев?! Дали можеби првата ја „понесе“ атмосферата, а пак вториов удобноста во пратеничкото столче и бенифитите од локалната власт, не се знае.

Останува да видиме дали можеби во вториот круг Левица, а и самата Ванковска ќе ја поддржат Гордана Силјановска Давкова за кандидат за претседател иако засега партијата вели дека нема да поддржи кандидат за вториот круг.

Патем, на сите анкети води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

(ФОТО) „Премногу е добра за овде“: Што мислеше Ванковска за Силјановска Давкова во 2019-та година?