ЗАМИСЛЕТЕ КАКВА БАГРА Е ТОА – СДС им ветувале на ДУИ 70 отсто од државните институции!!!

Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ на митингот во Охрид откри погано сценарио на СДС и ДУИ кое мислат дека ќе им успее.

„А, тоа е, ќе имале СДСМ 28 пратеници, а албанските партии ќе добиеле 33 заедно и ќе правеле влада заедно, замислете каква багра е тоа, и како размислува за иднината на Македонија. Нив не ги интересира иднината на државата, туку иднината на нивните фотелји, нема откажување од фотелјите треба да им е слоганот. Дури и им ветувале на ДУИ дека наместо како до сега 50 проценти од државните институции, СДСМ би се задоволиле со 30 проценти, а ДУИ и останатите партии да преземат се до 70 проценти“, појасни Мицкоски.

Мицкоски ги повика граѓаните да излезат во поголем број на изборите и оваа актуелна власт да ја испратат на буништето на историјата каде што и заслужуваат.

„Затоа ве повикувам во што е можно поголем број да излезете и да им кажете што мислите за ваквите нивни сценарија, да има покажеме сите заедно што е и колкава е силата на Македонија и да ги испратиме на буништето на историјата каде што заслужуваат. Излезете на избори и гласајте“, посочи тој.

– И кога човек ќе ги праша како ќе го смените Уставот и ќе терате план за Европа, не ги интересира тоа што немаат одговор на тоа прашање, најбитно им е да се спасат од затвор – додаде тој.