Собранието да има 90 пратеници и да се укине балансерот при вработувањето

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Втората изборна единица Владо Мисајловски вели дека во изборната програма предлагаат Собранието да има 90 пратеници наместо сегашните 120 и да се отвори дебата за една изборна единица.

На гостување во централниот дневник на „Сител“, Мисајловски рече дека ќе се залагаат и за укинување на балансерот при вработувањето.

– Сега во Собранието има 120 пратеници, ние во програмата предлагаме 90 пратеници и таа тема треба да се отвори. Сакаме заменик директорите да ги скратиме, сакаме да има што помалку членови во управните одбори, балансерот при вработување исто така да се укин