СДС планира да го доуништи земјоделието со „НАСАДИ од ФОТОВОЛТАИЦИ“ и кој би имал најголем ЌАР од тоа?!?!

КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА НАЈАВИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ФОТОВОЛТАИЦИ

Можеби оваа „мерка“ највеќе ќе му одговара на семејниот бизнис на  претседателот на СДС Димитар Ковачевски?!

Да се потсетиме на ден  13.12.2022 година кога „му беа фатени рачињата во медот“ изјави дека неговата сопруга инвестирала сопствени пари во изградба на фотоволтаична централа, а тоа било пријавено во неговиот анкетен лист поднесен до Антикорупциската комисија – ДКСК пред да дојде на сегашната функција.

„Согласно Закон за трговски друштва и согласно законските регулативи во државата секој граѓанин може да инвестира свои сопствени средства, како што таа има инвестирано свои сопствени средства и сето тоа е пријавено во сите надлежни институции, во Антикорупциска, со сите податоци и тие се јавно достапни“, рече Ковачевски.

Претходно портали објавија дека сопругата на Ковачевски, Елена влегла во бинзисот со фотоволтаици. Тоа, како што рече премиерот, го направила без негова помош.

„Зошто би имала моја помош да инвестира средства“, рече Ковачевски.

Зголемување на домашното производство на електрична енергија за најмалку 70% до 2028 година, најави денеска коносителката на листата на СДСМ и Коалицијата за петтата изборна единица, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

„Директната владина поддршка на мали и микро капацитети од обновливи извори за домаќинствата и малото стопанство преку субвенции или намалување на давачки

Од сегашните 80.000 денари за домаќинствата, субвенциите ќе ги зголемиме на 120.000 денари, а за правните субјекти што ќе инсталираат фотоволтаични системи со инсталирана моќност до 40 KW, субвенцијата би била до 350.000 денари“ , рече Костадиновска-Стојчевска.