Прво и единствено соочување: Сите претседателски кандидати утре на ДЕБАТА на МРТ 1

Од јавниот сервис за „360 степени“ ја потврдија информацијата дека сите кандидати за шеф на државата ја прифатиле поканата за дебата

Првото и единствено предизборно соочување на сите седуммина кандидати за претседател на државата ќе се одржи утре (недела, 21 април 2024 г.) на МРТ 1.

Од јавниот сервис за „360 степени“ ја потврдија информацијата дека сите кандидати за шеф на државата ја прифатиле поканата за дебата.

Соочувањето ќе се емитува од 20 часот на првиот канал.