НЕМА ВЕЌЕ недоучени по етнички клуч да им го јадат лебот на квалитетните и образовани кадри – ВМРО-ДПМНЕ ќе го укине балансерот!

ЕК препорачува да се избрише балансерот, бидејќи тој е за правична застапеност на помалите етнички заедници, кога бил донесен, ја исполнил својата цел, и сега веќе предизвикува повеќе пречки, отколку што има валидност, додадена вредност. Сакаме да одиме напред? – Сакаме. Тогаш понекогаш во животот треба да правиме и храбри одлуки. Ова е храбра одлука. Ако сакаме државата да се темели на квалитет, а не на етнократија и партократија тогаш ајде да ја водиме во таа насока, рече претседателот Христијан Мицкоски во интервју за МИА.

Тој потенцира дека укинувањето на балансерот е ставено и во изборната програма, како ветување и дека тоа се темели на препораките на ЕК.

Понатаму во интервју се осврна и на слободата на медиумите.

– Видете, овие шест и половина години многу медиуми згаснаа. Јас како човек ниту некогаш некаде, ниту пак има намера да цензурирам, да вршам притисоци нешто да се објавува или да не се објавува. Шест години така функционирам, а за мене се напишани многу лаги. Откако веќе се премина границата, морав да тужам некои од медиумите. Не барам нормално финансиски надомест, но едно извинување должат и некои веќе од нив се извинија за изнесените лаги и клевети и невистини. Јас сум свесен дека ние политичарите мораме да имаме што се вели, помек стомак, да бидеме потолерантни. Јас сум бил максимално толерантен. Но има некои медиуми коишто без никаква причина вмешуваат семејства, напади, нагласува претседателот.