ДОАЃА ВРЕМЕТО НА ГРАДИТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА – НА 24 ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС, НА 8 МАЈ ВУЛКАН!

Ви ветувам дека на 24 април и на 8 мај повторно ќе славиме на сите плоштади, доаѓа времето на градителите на Македонија, татковината не се менува, таа се наследува, немаме друга и мора да ја сочуваме гордата татковина Македонија, рече пред штипјани канидатката за претседател, подржана од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Зборувајќи за политичките опоненети рече дека државата не може да има полза од човек кој нема свој став, кој секогаш се согласува пред да го прашаат.

-Првиот премиер вториот премиер, оној неформалниот премиер, господинот Ахмети и секогаш истото го прави со сите однадвор. Видете не смееме идоли да правиме од меѓународните претставници, да треба да сме дипломати, но сепак ние имаме право, иако живееме во мала прекрасна држава да ги изложиме и да ги браниме, државните и национални инетреси, рече Силјановска Давкова.

Таа истакна дека власта не се однесувала демократски, туку автократски, дека претседателот не смее да се отуѓува од граѓаните.

Професорката пред штипјани кажа дека ќе се консултура со народот во народните канцеларии, за кои рече дека сега ги нема, во обраќања во Собранието и особено ќе води сметка за усогласена политика.

Во однос на ингеренциите на престедателот, кажа дека на судството му се потребни реформи, дека е важно да дојдат истаканти правници и најави дека надвор ќе одат вистински дипломати од кариера.

-Од вас зависи што ќе се случи на 24-ти јас реков очекувам политички земјотрес, и на 8 мај вулкан, а потоа ќе се смират македонските води и мирно ќе тргнеме во демократски промени, рече Силајновска- Давкова.