На едно гласачко место во Скопје во ходник е пронајдена димна бомба – МВР апелира да се воздржат гласачите од инциденти

МВР досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, тоа се одвива мирно, без проблеми. Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач, информира Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Тој вели дека во општина Чаир се забележани летоци, кои биле оставени на паркирани возила, а исто така се испишани и два графита.

„На едно гласачко место во Скопје, покрај испишаниот графит, од страна на претседател на избирачки одбор е пријавено дека во 6.30 часот во ходникот е пронајдена димна бомба. Веднаш се преземени мерки и активности и на ова место гласањето се одвива непречено“, додава Ангеловски и апелира грѓаните кои излегуваат на гласање да се воздржат од какви било инциденти.