Мицкоски: Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат толку промените ќе бидат посилни

Денеска е посебен ден, денеска е убав ден, сончев ден, ден кога треба граѓаните да излезат и да гласаат. Ден кога сета сила е во рацете на граѓаните, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Оние малкумина 100-тина души кои што изминатиот период одлучуваа за судбината на граѓаните сега се безгласна буква. Денеска граѓаните се тие кои што одлучуваат за иднината на своите семејства, иднината на Македонија, иднината на своите деца. И затоа мојата порака денеска од овде е да се излезе, да се гласа, секој да одвои десетина минути од своето време. Бидејќи на тој начин одлучува за иднината на своите деца, своето семејство и иднината на Македонија. Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат толку промените ќе бидат посилни, вели Мицкоски.

Тој додава дека затоа уште еднаш повикува на масовна излезност и ги повикувам граѓаните да излезат и да гласаат и заеднички да ја определиме траекторијата по која што Македонија ќе се движи во иднина.