СРАМНА ИЗЈАВА НА ИЗМЕЌАРОТ БОЈАН МАРИЧИЌ ПО ДЕБАКЛОТ НА СДС – ДА СИ ЈА САКАШ ДРЖАВАТА БИЛО ЗАКАНА И НАЦИОНАЛИЗАМ

Ги прифаќаме резултатите какви што се и ги разбираме како многу сриозна порака за ставот на граѓаните кон СДСМ. И порано како партија сме биле пред слични предизвици и секогаш сме наоѓале сила да се консолидираме. На 8 мај, СДСМ силно ќе се спротивстави на националистичкиот и популистички виор што и се заканува на земјава, изјави денеска вицепремиерот Бојан Маричиќ.

И после вакви тези и сеење омраза спрема народот што си ја сака државата, Маричиќ очекува дека некој ќе гласа за неговата поразена партија.

– Свесни сме за сите разочарувања на граѓаните поврзани и со евроинтеграции и со тоа што во повеќе точки ЕУ не беше целосно праведна кон нас и во однос на однесувањето на нашиот најголем коалиционен партнер ДУИ, и тоа го имаме прифатено како забелешка и борбата против криминалот и корупцијата и се она што им пречи на граѓаните. Но, мислам дека е јасно дека на 8 мај ќе треба да имаме силен СДСМ, посилен од ова што го видовме во првиот круг, затоа што без тоа на Северна Македонија и се заканува еден огромен националистички и популистички виор кој што не знаеме каде може да не однесе. Имавме шанса 11 години да го почуствуваме тој виор, имавме шанса во овие седум години на оваа владина коалиција да направиме многу достигнувања, да направиме и многу грешки, изјави Маричиќ.