Силјановска: Преку народните канцеларии ќе имам можност честопати да доаѓам овде и ќе правам список на приоритети кои ќе ги реализирам

Кандидатката за претседател Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на кампањата за вториот изборен круг од претседателските избори беше во Крушево, а во своето обраќање порача дека во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура, доказ за нашата историја.

„Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура, доказ за нашата историја, тие сведочат дека во нив илинденците мислеле, правеле планови за Македонија. Крушево треба да биде метропола на културата. Вие Крушевчани има на што да сте горди и вие заслужувате самопочит! Не заборавјате, ако не се самопочитуваме никој нема да не почитува. Мора да го вратиме животот во Крушево, тука има шанси за опстанок“, порача Силјановска Давкова.

Таа им вети на граѓаните дека ќе се опкружам со луѓе од знаење.

„Но и ви ветувам дека секогаш ќе бидам блиску до вас. Како? Преку народните канцеларии. Народните канцеларии за првпат ги примени поранешниот претседател, господинот Иванов. Мислам дека требаше да останат. Токму преку народните канцеларии јас ќе имам можност честопати да доаѓам овде, да ве видам и да видам на што сте се покажлиле, што сте предложиле. Понатаму, во зависност од тоа дали сметаат граѓаните дека треба нешто да се промени ќе правам список на приоритети кои ќе ги реализирам. Ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради вас, не поради себе. Крушево е жив културен споменик. Искористете ги луѓето кои уште во меморијата го имаат она што ние го забораваме. Кога ќе се грижиме за споменот на Тоше, кога ќе им оддаваме почит на партизаните, кога нема да ги заборавиме Карев, Питу и останатите, тогаш ќе бидеме горди на Македонија!“, порача Силјановска Давкова.