Силјановска Давкова и Пендаровски на дебата на ТВ 21 пред гласањето на 8 мај

Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова, кандидатот и кандидатката кои одат во вториот круг од претседателките избори, утре (вторник) ќе се соочат на ТВ дебата која ќе се одржи на телевизија 21.

Ова ќе биде првата претседателска телевизиска дебата пред одржувањето на вториот круг од претседателските избори закажан за 8.мај.
Дебатата започнува во 21 часот и 15 минути.
Професорката Силјановска Давкова во првиот круг од претседателските избори извојува победа со разлика од над 180.000 гласови пред кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски.