„Денес, тука од Мечкин Камен сакам да порачам до сите граѓани на Крушево, да се обединиме повторно. Да се обединиме против сиромаштијата, против неправдата. Да се обединиме во борбата против криминалот и корупцијата и заедно на 8 мај да излеземе во што поголем број, да дадеме поддршка за кандидатите на листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, за бројот 2. Да дадеме поддршка за луѓето коишто знаат и коишто можат да испорачаат. Да донесеме голема победа. Победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, победа за македонските граѓани, за подобра инфраструктура, за подобар развој, за економија онаква каква што посакуваме, за судство што суди и да имаме правна држава. Затоа, мора сите да излеземе во што поголем број и да дадеме силна поддршка. Развојот зависи од нас. Затоа ве повикувам повторно, почитувани крушевчани, излезете масовно на 8 мај и подржете ја“, вели Сајкоски.
![]()

