Постоел ли ДОГОВОР помеѓу СДС и АПАСИЕВ за одземање на гласови од ВМРО-ДПМНЕ?!

Во 2020 година Заев до Апасиев го постави следното прашање: Дали е вистина дека сме ви обезбедиле ресурси за да одземете гласови од ВМРО-ДПМНЕ?

Премиерот Зоран Заев по прашањето од Димитар Апасиев дали е вистина дека се обидел да купи пратеници, му рече дека тоа е исто како тој да го праша дали е вистина или шпекулација дека СДСМ и обезбедила ресурси на Левица за да и одземе гласови на ВМРО-ДПМНЕ.

-Не може ем да обвините ем да избегнете одговорност за обвинувањата. Лидер во опозиција вади докази и ги вади во јавноста. Тоа е исто како да ве прашам дали е вистина или шпекулација дека јас и вие сме се договориле да ви ги обезбедиме сите ресурси на изборите само да одземете гласови од ВМРО-ДПМНЕ и при тоа да дадете директен одговор дали е вистина или шпекулација дека договоривме да нѐ поддржувате понатаму ако освоите пратеник. Вака реторички прашања нема да ве однесат никаде на функција туку ќе ја разобличите една левичарска идеја. Знам ве гледам се борите, сам сте и тоа е во ред, но вака не. Вака нема да постигнете ништо, ова не му личи на политичар и пратеник, рече Заев.

Ако на ова се додаде фактот дека Апасиев беше активен шарен револуционер, се поставуваат следните дилеми:

– Дали Апасиев не знаеше за целта на шарената револуција за разнебитување на Македонија?
– Дали Апасиев не знаеше дека името ќе се менува?
– Дали Апасиев не знаеше дека Македонија ќе стане двојазична?
– Дали Апасиев не знаеше дека во Македонија ќе се вселат мигранти?
– Дали Апасиев не знаеше дека Македонија ќе се федерализира?
Како е можно кога си опкружен со другари кои го кројат планот за редифиниција на Македонија а ти да не знаеш што всуштински се сличува?
Колку што Заев не знаел за горе наведените прашања, толку и Апасиев не знаел.
Ако на сето ова претходно се додаде фактот дека Апасиев целата енергија ја троши ПРОТИВ опозицијата и во најтешките моменти и иднината на македонските граѓани, се поставува прашањето ЗА КОГО НАВИСТИНА ОДРАБОТУВА АПАСИЕВ?!
По цена за ослабување на Левица и пад на рејтингот, сепак настапува политички неартикулирано и одбива по втор пат НАЦИОНАЛНО ОПОЗИЦИСКО ОБЕДИНУВАЊЕ!