ОЧАЈ И ПАНИКА ВО БРОДОТ ШТО ТОНЕ – Партиски претседател на СДСМ нападнал лидер на младите од ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

ВМРО-ДПМНЕ – Струмица информира дека денеска се случил инцидент во маркет при што претседателот на СДСМ во Банско, Даме Тренчевски физички го нападнал претседателот на младите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Андонов.

„СДСМ Струмица во очај заради неуспешоста на уцените , заканите и пристисоците врз граѓаните преминува во употреба на физичко насилство. Не можејќи да се соочат со изборниот пораз во Општина Струмица, со поразот во Банско и слабата поддршка од граѓаните, раководството на СДСМ по поразот се служи со притисоци врз своите членови истовремено со закани и директни напади на активисти на ВМРО-ДПМНЕ. Денеска 03.05.2024 година од страна на активист и претседател на СДСМ во Банско, Даме Тренчевски, во маркет, физички и со употреба на сила е нападнат претседателот на младите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Андонов“, велат од ВМРО-ДПМНЕ Струмица.

Нападот, како што информира партијата, е уредно пријавен пред надлежните органи, а за овој инцидент ОК ВМРО-ДПМНЕ ќе ги извести претставниците на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Република Македонија.

„Пред само неколку денови известивме за инциденти, каменување во кампањата на штабови на ВМРО-ДПМНЕ, закани и обиди да се изврши заплашување на сограѓаните. Ги охрабруваме сите наши сограѓани, посебно членовите на СДСМ кои се ослободија и доброволно го напуштат бродот на СДСМ кој тоне да не подлегнуват на заканите и притисоците. Паниката во изборните штабови на СДСМ во Струмица е голема и тешко е да се консолидират редовите, но сепак нашиот апел е да се зачува граѓанското достоинство. Времето на СДСМ заминува и со себе ќе ги однесе насилничките однесувања, криминалот и корупцијата. Веќе е време СДСМ Струмица да започне со внатрешни реформи. А ние, ќе им помогнеме на тој начин што ќе ги натераме да одговарат за своите криминални постапки“, порачаа од струмичкото ВМРО-ДПМНЕ.