Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 утрово бил повикан на информативен разговор во полициска станица бил пријавен од уште Зоран Милески Кичеец со кого беа осудени во предметот Рекет .
Тој настанот го пријавил во СВР Охрид, па оттаму СВР Скопје постапува по барање по повод пријава за сторени три кривични дела – загрозување на безбедноста, демнење и кривично дело лажно пријавување.

Боки-13 ги отфрлува сите наводи за понатамошно процесуирање.
-Повод е мојот статус дека лица блиски до Кичеец се обидуваат да ме замолчат. Тоа јавно го објавив. Кичеец е дел од моите кривични пријави за сторени кривични дела за кои јас имам индиции и докази дека ги сторил, но тоа ќе биде предмет на постапка пред јавен обвинител и не во оваа форма. Ова го сметам за директен притисок поради тоа што се случи вчера кога имав најавено јавен настап и интервју, кажа Јовановски пред полициската станица „Пролет“.
Според Јовановски, „од авион се гледа дека станува збор за притисок и тенденција“.
![]()

