Засилени инспекциски контроли низ државата: Дали мерките се почитуваат од трговците?

Еден ден по стапувањето на сила на мерката за намалување на цените, пазарните инспектори излегоа на терен за да проверат дали трговците ја почитуваат. Тимови од Државниот пазарен инспекторат вршат контроли низ целата држава, следејќи дали е правилно спроведена.

Инспекциски контроли низ Македонија
Според информациите од Државниот пазарен инспекторат, 40 тимови на инспектори се распоредени низ цела Македонија. Во маркетите каде што ќе се утврдат неправилности, нема да има толеранција. Трговците кои не ја почитуваат одлуката се соочуваат со казни од две до 10 илјади евра, во зависност од големината на компанијата. Во некои случаи, може да се случи и затворање на маркетите.

„Секој трговец што нема јасно означени цени или се обидува да примени нечесни трговски практики ќе биде санкциониран според законите“, изјави директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.

Граѓаните незадоволни од ефектите
И покрај воведените мерки, граѓаните остануваат скептични за ефективноста на намалувањето на цените. Според нив, храната станува луксуз, а минималните намалувања не ги компензираат зголемените цени во изминатиот период. Некои коментираат дека цените прво биле зголемени, а потоа намалени, што го прави намалувањето речиси незабележливо.

„Цените се уште високи. Прво ги зголемија, па сега ги намалија малку, но и тоа не е доволно“, вели еден анкетиран граѓанин. Други додаваат дека намалувањата се едвај приметливи и не го подобруваат животниот стандард

Loading