Јас сум останал на моите ставови. Оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ работи кон европска интеграција на Македонија. Ние сме дел од коалицијата „Твоја Македонија“ и апсолутно и даваме поддршка на Владата за нејзината битка за интеграцијата на Македонија во ЕУ. Ако некој бил против ЕУ, сега е за ЕУ, јас сум бил секогаш за ЕУ, вели првиот човек на „Македонски концепт“ Петар Богојески на поткастот „На кавга со Иван“.
Во гостувањето кај Иван, Богојески откри скандалозни намери за Антонијо Милошоски, за кого рече дека бил маргиналец во комисијата за преговори за коалицијата „Твоја Македонија“, а комисијата ја водел Александар Николоски.
– Вицепремиерот Николоски ја водеше комисијата. Антонијо се обидуваше да дојде до збор, но ни збор не му даваа да каже. После тоа коалицијата ја договоривме јас и Мицкоски. За да се растури тој момент, пред да се објави коалицијата „Твоја Македонија“, на Сител ТВ излезе Милошоски и го минираше процесот. Даде изјава, со која кажа се она кое што договоривме дека не смее да се каже. Прашање беше дали ќе се потпише коалицијата. За тоа Милошоски ми се извинуваше во пораки. Тој ми се јави и на телефон да ми се извинува за тоа. Поентата негова по мене беше да се ослаби позицијата на ВМРО-ДПМНЕ за не стане Мицкоски премиер 2024 година.
Во однос на СДСМ, Богојески имаше емотивно излагање во кое што рече: СДСМ мене ме избрка два пати од работа. СДСМ ми пушти 10 кривични пријави. СДСМ мене ми ги малтретираше малолетните деца. СДСМ ми ја малтретираше сопругата. Тоа треба да престане во земјава.
За разлика од партиите кои се борат само за позиции, Македонски концепт не се пазареше само и исклучиво за позиција. Ние сакаме принципи кои се договорени за соработка. Тука имаме различни мислења по однос на многу прашања и од премиерот Мицкоски. Ние можеби некогаш не сме се согласувале, сега се согласуваме, но за нас како партија клучно е да ги оствариме реформските процеси во земјата.
![]()

