Владата размислува да ја пополни дупката во Фондот за пензиско осигурување, се разгледуваат сите опции за да се стабилизира пензискиот систем, во овој момент, не размислува да ја зголеми возраста на која вработените ќе одат во пензија. Ова е одговорот на владината портпаролка Марија Митева на новинарско прашање во врска со предлогот на Фискалниот совет да се зголеми старосната граница за пензионирање.
Митева ја негираше можноста да се прифати предлогот на Фискалниот совет со кој од 2026 година би се зголемила старосната граница за пензионирање на 67 години и за мажи и за жени.
– Во овој момент, она што направивме е усогласување на пензиите од 5.000 денари. Имаме активна методологија, имаме закон по кој што се работи. Остануваме посветени и на состојбата во Фондот за ПИОМ и ќе ги разгледаме сите состојби како да имаме еден стабилен систем. Во овој момент не се размислува за она што беше предлог од страна на Фискалниот совет, рече Митева.
На предлогот за зголемување на старосната граниза за пензионирање, како што објавивме претходно, реагираше и ССМ кој смета дека се потребни сериозни политики и мерки за зголемување на бројот на вработување на младите по пат на реални и одржливи работни места кои ќе бидат резултат на нови домашни или странски инвестиции и зголемување на платите, а со тоа и зголемување на средствата во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и намалување на сиромаштијата
![]()

