МЛАДИ И УСПЕШНИ МАКЕДОНЦИ СО КОИ СЕ ГОРДЕЕМЕ- Војдан Карапетковски доби престижна награда во Париз

Војдан Карапетковски, извршен директор на ИТ компанијата Kara5  ја доби престижната награда Europe’s 40 Under за 2024 година во Париз, објави порталот Денар.

Ова престижно признание, како што пишува порталот, ги слави исклучителните лидери под 40 години за нивните извонредни достигнувања, иновативни придонеси и трајно влијание врз нивните индустрии и општество.

Ексклузивната 40 Under гала вечера се одржа на 21 ноември 2024 година, во луксузниот Four Seasons Hotel George V во Париз.

Уникатниот пристап на Војдан кон стратегиите, веб и дигитален маркетинг – заедно со неговото долгодишно искуство во развој на маркетинг и продажба – ги подржува клиентите на Кара5 да откријат уникатни можности за одржлив раст и значајна трансформација.

„Препознатлив по неговото визионерско лидерство и револуционерен придонес во пејзажот на дигиталниот маркетинг, нашиот извршен директор гордо се придружи на истакнатата група на почестени, меѓу кои беа генералниот директор на Хилтон Прага, маркетинг менаџерот на Vacheron Константин Женев и маркетинг директорот на Advanz Pharma London”, велат од Kara5.

Фото: Денар.мк

Loading