Според руските пранкери Вован и Лексус, „најглупавиот херој“ на нивните шеги, како што велат е поранешниот премиер на Македонија, Зоран Заев.
Русите успеале да го надмудрат Заев откако, како што е познато, му се јавиле во име на поранешниот украински претседател Петро Порошенко. Снимката од разговорот не ја објавија една година по шегата.
За сето тоа време Заев редовно им испраќал фотографии од средби со други политичари преку Ватсап (WhatsApp), но и од контакти на државници од Косово.
„Ова е веројатно најглупавиот политичар со кој успеавме да комуницираме“, забележале шегобијците.
Во интервју за српскиот весник „Политика“, Вован и Лексус велат дека не очекувале оти „пранкот“ со Заев ќе биде толкава сензација во Македонија. Велат дека, освен македонскиот премиер, досега не успеале да излажат некој друг функционер цела година.
Руските пранкери Вован и Лексус во 2020 година објавија разговор на Заев со „лажната активистка Грета Тунберг и нејзиниот татко“.
Во разговорот кој е објавен на платформата Јутјуб, Заев и лажната Грета разговараат за затворање на аеродромите, легализирање на марихуаната, посета на активистката на Македонија и за мигрантите.
![]()

