ШТО КРИЕШЕ КАТЕДРАЛАТА НОТР ДАМ? Археолозите пронајдоа 1.000 фрагменти

Откако пожарот речиси ја уништи катедралата Нотр Дам во Париз, археолозите имаа ретка можност да копаат под структурата на зградата за време на петгодишното реновирање и реконструкција и пронајдоа повеќе од 1.000 фрагменти од уметнички дела.

Археолозите имаа можност според францускиот закон за превентивна археологија, кој може да се користи „за откривање и преземање научно проучување на археолошки остатоци (на копно и под вода) кои инаку би можеле да бидат уништени од работите за развој на земјиштето“, објави Арт њуз.

Процесот започна во февруари 2022 година.

Loading