Прават драма пред Уставен, ОД СТРАВ ДА НЕ ЗАВРШАТ ВО ДРУГ СУД ЗА КРИМИНАЛОТ

ДУИ со драмата што ја прават пред Уставниот суд сака да ги скрие своите криминали и на партнерите од СДС и затоа прават протест. Драмата на ДУИ пред Уставен суд е режирана заедно со СДС и очигледно е организирана од политичари вмешани во криминални дејствија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ и СДС имаат страв дека ќе одговараат за сите криминали и предавства што ги направија, па организираат протест пред Уставен суд, за да не завршат во друг суд.

ДУИ и СДС, знаејќи дека ништо нема да се случи во среда, се кријат и сеат магла преку протест.

Од ДУИ и СДС, само треба ја слушнат изјавата на премиерот Мицкоски, се ќе им биде јасно, стои во соопштението.

Во среда нема ништо да се случи“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција денеска во Владата, запрашан за седницата на Уставниот суд на 11. декември за Законот за јазиците.

Тој рече дека ДУИ намерно прави поделби и етнички тензии.

„Разговараме со ВРЕДИ, ова е постапка која е тековна. Имаме ситуација не може сега никој да интервенира кај Уставниот суд, затоа што принципот како до сега заврши на 8. мај. Единствената тема со која ДУИ се присутни во јавност е да направат поделба по етничка основа, ги третираат само етничките прашања, не можат да наметнат тема ниту да привлечат луѓе кои ќе ги поддржат. Се обидоа со таа нивна зелена агенда, но не успеаја“, изјави Мицкоски.

Како што најави партискиот функционер Арбер Адеми, ќе останат таму до 11 декември кога треба да се одржи седница за Законот за употреба на јазиците. Адеми рече дека со иницијативата „Стража на јазикот“ со деноноќно присуство пред Уставниот суд застануваат во „одбрана на Законот за јазици“.

Собрани сме тука за да го подигнеме нашиот глас за прашања што ги засега темелите на еднаквоста на нашата мултиетничка држава. Ова не е обичен ден, ниту обичен повик. Денес повеќе од кога било е моментот да останеме обединети за да го заштитиме тоа што сме го добиле со многу труд и жртвување. На 11 декември Уставниот суд има закажано седница за разгледување на уставноста на Законот за јазици кој не е само правен акт туку е симбол на Охридскиот договор и во него е втемелена јазичната еднаквост, изјави Адеми.

Loading