ОТВОРЕНА ИСТРАГА ЗА МИТОТО ШТО ГО ЗЕЛЕ ОД МИЈАЛКОВ Груби и Беџети се гонат по допрен глас

Основното јавно обвинителство оформи предмет по допрен глас за екс-вицепремиерот и министер за политички систем и односи со заедниците Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети, информираше јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

Aмериканскиот Стејт Департмент ги стави Груби и Беџети на црната листа поради прифаќање мито за нарушување на судските процеси за поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, кој од порано е на истата листа.

Покрај санкциите за Груби и Беџети, забрани за влез во САД се воведени и за членовите на нивните семејства.

Loading