СДС СЕ ОЧАЈНИ И ЗАТОА ФАБРИКУВААТ СКАНДАЛИ – ВМРО-ДПМНЕ избра професионалец со искуство од над 30 години во Судскиот совет

Тврдењата на СДС дека Ристов на кој било начин влијаел врз институција како што е Судскиот совет, од ВМРО-ДПМНЕ ги оценија за доказ на очајот на СДСМ и нивната потреба да фабрикуваат скандали, но и да го покријат, како што велат, катастрофалното наследство на нивната партија во судството.

„Изборот на Данка Ристова за член на Судскиот совет е направен согласно законските процедури, а нејзините професионални квалификации се клучни за оваа функција. Данка Ристова е докажан професионалец, кој повеќе од 30 години е во правосудството, и таа е избрана со мнозинство гласови на непосредни избори, каде гласале судиите од штипското апелационо подрачје, вклучително и Струмица и околината. Граѓаните знаат како се бирани судиите во Струмица и кој ги бирал, но и во цела Македонија. Оттука небулозно е да се тврди дека ВМРО-ДПМНЕ може да влијае на нејзиниот избор. Очигледно е дека кај судиите при гласањето, на крај, сепак, преовладеала мислата да изберат врвен професионалец, наместо послушник на СДС и ДУИ, како до сега“,  велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Loading