Николоски појасни дека на ДУИ им одговара прашањето со Уставниот суд да трае четири години и така би биле најсреќни, бидејќи зелената агенда им пропадна и дека не се баш по работењето, туку по полнење на сопствениот џеб.
„Зелената агенда им пропадна, нели истрчаа еднаш низ планина во зелени маици со Мерко напред. По проекти нешто не се многу, еве ги гледам јас во мојот ресор како работеле проекти, односно не работеле единствено ги интересирало да си наплатат. И единствената точка која што им останува за која што можат да зборуваат се етнички тензии, кои што според нивната филозофија тие би ги создавале и тие би ги решавале’’, посочи тој.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ напомена дека ДУИ освен крадење, за друго и не се интересирале.
„Тоа што поткраднуваа, паралелно со тоа што нели беа, фактор на стабилност, треба да им се прости за да Македонија е стабилна и така се продаваа и во домашната и меѓународната јавност. Но тој филм со изборите 2024 и со оставањето нивно во опозиција, што беше наше клучно ветување мислам дека заврши’’, дециден е Николоски.
![]()

