Богојески: „ДУИ е симбол на дволичност – под американски знамиња, против западни вредности“

Плашам ти Петко децата, или после свадба тапани. Може Ахмети да направи цел албум со овие луѓе, ниту некој им се плаши, ниту некој ги смета за сериозни. Македонија ќе стане правна држава, ќе се исчистат криминалците од судството, се надевам ќе бидат осудени и криминалците и од извршната и законодавната власт, а таму почесно место има Али Ахмети.

Кога ја видов фотографијата, прснав од смеење, тоа кажува се. Една реакција кажува се, вели Богојески во однос на фотографијата на лидерот на ДУИ Али Ахмети на која се наоѓа со неколкумина водачи од УЧК.

Во „Само вистина“ Богојески вели дека судиите од ДУИ поставени во Уставен суд, тие кои протестирале, се против ЕУ бидејќи ова што се прави е барање на Венецијанска комисија и на ЕУ. Овие од Европски Фронт станаа антиевропски фронт. И 100 стапа по туѓ грб не болат. Ако се удри по македонците, албанците се први да се заврши работата. А сега кога станува збор за доработка на законот онака како што се бара од нас, се прави галама. ДУИ и еден куп таму дејци кои глумат тешки прозападни политичари, се убија од мавтање амерички знамиња, а секогаш работат против интересот на САД и ЕУ. Тоа го докажа одлуката со која Груби е ставен на црна листа, додаде Богојески.

Пораката од Стејт Департментот доби поддршка и да продолжи. Има многу ликови од СДСМ кои треба да се најдат на таа листа и очекувам за кратко време тоа да се случи, меѓу кои една личност која се смета за недопирлива. Пораката на САД беше точно темпирана во момент кога требаше да им каже на етничките албанци, престанете да се занимавате со глупостите на ДУИ, тие ве влечат во дестабилизација. Македонија е правна држава, полноправна членка на НАТО и нема простор за раздор и дестабилизација на Републиката, вели Богојески.

Loading