ЕЛКАТА ВО АЕРОДРОМ НЕ ЈА ДОЧЕКА НОВАТА ГОДИНА

Новогодишна елка се запалила вечерва пред ТЦ „Бисер“ во Општина Аеродром. Сијаличките се најверојатно причина за пожарот, изјави за МИА командантот на Противпожарната бригада на град Скопје Звонко Томевски.

Претходно оваа вест беше објавена на социјалните мрежи од каде што е преземена и фотографијата од опожарената елка кај  ТЦ„Бисер“.

Скопските пожарникари добиле дојава за пожарот вечерва, околу 18 часот, по што веднаш излегле на терен.

– Имаше дојава и пет пожарникари со едно возило излегоа на терен. Пожарот е изгаснат и пожарникарите се вратени, изјави за МИА командантот на Противпожарната бригада на град Скопје Томевски.

Loading