Министерството за внатрешни работи попладнево започна координирана акција против насилни криминални групи, која се одвива во неколку делови на Скопје и други градови низ Македонија.
Забележано е зголемено присуство на полициски сили во скопските општини Чаир и Арачиново, но засега не се соопштуваат повеќе детали од официјалните полициски претставници.
Акцијата, според најавите, нема да се ограничи само на главниот град, туку ќе продолжи и на други локации низ државата.
![]()

