Три потреси во Македонија, од кои најсилниот имаше јачина од 3.2 степени според Рихтеровата скала, се почувствувани нешто по 1 часот утрово.
Според прелиминарните податоци од Европско-медитеранската сеизмолошка опсерваторија (ЕМСЦ), прв бил токму најсилниот земјотрес, во 1:12 часот, со епицентар на 17 километри северозападно од Гевгелија, во близина на Дојран, на длабочина од 11 километри.
По само една минута, на истото место имало помал потрес (2.2 степени).
Земјотрес беше почувствуван и во Скопје, а земјотресот според првичните информации, бил на длабочина од 13 километри, со јачина од 2.5 степени и епицентар на 11 километри северозападно од Скопје, во близина на граничниот премин „Блаце“ кон Косово.
![]()

