(ФОТО) И АХМЕТИ Е НА КОСОВО

Лидерот на ДУИ Али Ахмети е во Косово. На социјалните мрежи објавена е слика од Ахмети и генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети во угостителски објект во Приштина.

„Утринско кафе во Приштина, со лидерот на народот, татковината и албанската нација, мојот пријател Али Ахмети и генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети“, стои во објавата на фејсбук.

Во Приштина во исто време е и Артан Груби, осомничен за криминал во државна Лотарија чиј адвокат наводно побарал поблага мерка од притвор во затвор како услов Груби да се врати во земјава.

 

Loading