Не престануваат реакциите во јавноста откако македонските истражни органи објавија дека е сторен тежок криминал од над 8 милиони евра во државна Лотарија и откако избега нејзиниот поранешен директор како и поранешниот вицепремиер Артан Груби.
„Ај вака да се договориме, чистиов ко солза нека не се ценка и не мора да се враќа, а особено не мора да се враќа Али Баба, туку нека си ги земе уште 40 разбојници од земјава и нека си се заклучат во Приштина, и онака клуч од градот ќе му давале. Нека си продолжат во резервните татковини и со слугите кои ги згнаа да им ги перат газовите. Острацизам е подобра опција и од одговорност за овие штеточини, пишува на Фејсбук, политичкиот аналитичар и колумнист Ивор Мицковски кој како во времето на античка Грција кога ги протерувале луѓето кои се сметале за штетни за јавниот живот бара тоа да се примени и во случајот со осомничените за криминал во државна Лотарија.
Шпекулации или не, вели Мицковски, јавноста со право реагира после болните искуства со бегањето на Груевски, отсуството од државата на поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, како и видни функционери на ДУИ кои во последно време, благодарение на болежливоста на нашите обвинители и судии, ја искористија ситуацијата навистина да избегаат од земјата. Како пребеганиот сириски диктатор Башар ал Асад во Москва, некогашните интегративци и прогресивци, а загусти, ја напуштаат државата, пишува колумнистот Ивор Мицковски.
![]()

