ЗАПЛЕНЕТО ОРУЖЈЕ ВО АРАЧИНОВО продолжува полицискиот претрес на одделот за организиран криминал

Во тек е нова полициска акција од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираат дека се извршени претреси на повеќе локации и дека во моментот се продолжува со дел од претресите.

Повеќе информации најавуваат по завршување на истрагата.

Пронајдени се автоматско оружје, пушки и пиштоли во Арачиново.

Претходно, Обвинителството донесе наредба за спроведување истражна постапка против 18 членови на бандата Беланоца – Барон кои плаќале од 10.000 до 250.000 евра за убиство

. Претходната акција беше спроведена на подрачјето на општините Чаир, Арачиново, Шуто Оризари, Бутел и Студеничани. Извршени беа претреси на 30 локации и пронајдени поголем износ на пари, злато, огнено оружје и други предмети.

Loading